Заштитните маски за лице и социјалната дистанца би можеле да бидат присутни како превентивни мерки уште една деценија, тврди некогашниот судија на Врховниот суд во Велика Британија, Лорд Сумптон.

Тој предупредил дека ограничувањето на слободата на Британците би можело да трае онолку колку и контролирањето по Втората светска војна, пренесува „Daily Mail“.

Сумптон истакнал дека „политички е нереално“ да се очекува дека владата наскоро ќе ги повлече мерките за социјална контрола затоа што јавноста на истите веќе навикнала.

Тој додал и дека ограничувањето моментално за Британците е утешно затоа што им носи чувство на сигурност.

„Интересна паралела е продолжувањето на контролирана распределба на оброците по последната војна. Луѓето тоа го поддржувале поради тоа што сакале социјална контрола. Но, на општите избори во 1951 година лабуристите изгубиле поголем дел од гласовите поради тоа што луѓето се заситиле од истата таа социјална контрола. Порано или подоцна, тоа ќе се случи и сега“, истакнал тој во подкастот „Sunday Express“.

Научниците од „SAGE“ (Научното советодавно тело за вонредни ситуации) веќе соопштија дека заштитните маски и социјалната дистанца можеби треба да бидат актуелни и во сите наредни зими кога респираторните вируси, како што е и ковид-19, полесно се шират.

И Мери Рамзи, надредена за процесот на имунизација во Јавното здравство во Велика Британија, признала дека ограничувањето би можело да остане насила со години затоа што Велика Британија мора да ги почека и останатите земји да ги достигнат нивните програми за вакцинација и имунизација на популацијата.

Во планот на премиерот Борис Џонон нема краен датум кој што предвидува крај на употреба на заштитните маски и одржувањето на социјалната дистанца, но се тврди дека правното ограничување ќе биде укинато на 21 јуни.