Документите во врска со барањето за одобрување на вакцината на Pfizer/BioNtech против COVID-19 беа хакирани за време на кибер напад врз Европската агенција за лекови (EMA), објави Pfizer.
„Важно е да се напомене дека ниту системот на BioNtech, ниту на Pfizer не беа оштетени за време на тој инцидент, но не знаеме кои лични податоци се хакирани“, се вели во соопштението на Pfizer.
„Чекаме повеќе информации за истрагата во ЕМА и ќе реагираме соодветно и во согласност со европското право“, се додава во соопштението.
„Земајќи ги предвид клучните размислувања за јавното здравје и важноста на транспарентноста, ние ќе продолжиме да даваме јасни информации за сите аспекти на развојот на вакцините и регулаторниот процес“, се додава во соопштението.