Компанијата Blue Origin во сопственост на основачот на Amazon и моментно најбогат човек на светот, Џеф Безос, ќе биде првата што ќе одведе некоја жена на Месечината, изјави мултимилијардерот, во моментот додека NASA беше се поблиску до одлуката да ги користи леталата на оваа приватна компанија, за своите астронаути до 2024. година да ги испрати на Месечината.
„Ова е (BE-7) моторот, што ќе ја одведе првата жена на површината на Месечината“, објави Безос во Instagram пост за тестирањето на моторот во NASA Marshal Space Flight центарот во Алабама.
Моторот BE-7, кој со години го развиваше Blue Origin, ќе го покренува леталото кое националниот американскиот тим на астронаути ќе го одведе на Месечината. Во април, NASA го „награди“ тимот на компанијата Blue Origin со 579 милиони долари за развој на своите ракети и опрема за слетување на Месечината. Уште две компании добија финансиски стимуланс, а тоа се SpaceX – 135 милиони долари за помош во развојот на својот систем Starship, и компанијата Dynetics, која доби 253 милиони долари.