Американската агенција НАСА открила дека астероид вечерва ќе помине покрај земјата на одалеченост од околу 64.000 километри од нашата планета.

Астероидот именуван како 2018 CB е откриен од страна на НАСА во неделата, а е со размер од 15-40 метри.

Може да се напомене дека овој астероид е за два пати поголем од астероидот кој што направи огромна штета во Руското место Челјабинск кога падна во 2013 година.

За среќа овој астероид засега не е закана за земјата иако од НАСА кажуваат дека тој се движи со огромна брзина. Од нАСА јавуваат дека следен астероид кој што ќе помине близу земјата е астероидот 2017 VR12 кој што покрај планетата земја ќе помине на 7 март.