Претходно овој месец Apple ги претстави првите MacBook модели кои ги покренуваат новите M1 чипови на компанијата. Новите лаптопи работат на ARM и можат да се пофалат со подобри перформанси за разлика од Intel Mac. Програмерот со имет Александар Град смисли ARM верзија на Windows за Mac.
MacOS нуди Boot camp за оние кои сакаат да инсталираат Windows и dual boot на својот Mac. Меѓутоа, Boot Camp поддржува само Intel Mac, а не оние со M1 чип. Меѓутоа, на многу корисници на Mac им е потребна поддршка за Windows и токму тоа го смисли програмерот.
Граф ја виртуелизираше ARM верзијата на оперативниот систем Windows за М1 со помош на QEMU виртуелизатор од отворен код. Чипот М1 е заснован на ARM и поради тоа не е можно да се инсталира x86 Windows со помош на Boot Camp. Меѓутоа, програмерот пронајде заобиколно решение. Граф објаснува дека Windows Arm 64 може да покренува x86 апликации, иако на помала брзина. Од друга страна, се уште е можно да се користи Windows за инсталирање на Mac M1.
Програмерот можеше да го покрене Windows Arm64 Insider Preview со помош на Hipervisor framework. На овој начин можете да ги користите технологиите на виртуелизација без потреба за кодирање. Меѓутоа, Граф користеше прилагодена QEMU закрпа за да ги подобри перформансите и да ги приближи речиси на изворните.