Fraunhofer институтот за дигитална медиумска технологија (IDMT) ги негираше написите во медиумите според кои се укинува аудио дигиталниот формат MP3, што овој институт го измисли пред 22 години, објавува неделникот Die Zeit.
„Мислам дека луѓето нешто погрешно сфатија. Кон крајот на април ги укинавме лиценците за MP3, но тоа се однесува исклучиво на оние потрошувачи кои ги користат нашите програми и на било кој начин нема да се одрази на останатите”, објасни директорот на IDMT, Карлхајнц Бранденбург за Die Zeit.
Тој појасни дека истекувањето на лиценците и програмите само значи дека неговиот институт нема понатаму да работи на овие програми, но никако не значи смрт на MP3 форматот, како што тоа го пласираа медиумите во последните неколку денови. Укажа и на тоа дека ќе се посвети на понатамоѓниот развој на форматот AAC, што според многу карактеристики е подобар од MP3 форматот. AAC, што исто така е развиен во германскиот Fraunhofer институт, Apple го користи уште од 2003. година.
Инситутот Fraunhofer го пушти MP3 форматот на пазарот во 1995 година, а за неговата популарност набрзо придонесе ширењето на Интернетот и платформите за размена на музика како Napster.