За првпат досега Facebook ги отвори вратите за најмладите т.е за децата под 13 години. Facebook изработи нова апликација која што е специјално наменета за децата под 13 години, а станува збор за апликациијата „Messenger Kids“.

За да може да ја користат оваа апликација децата нема да имаат потреба за да имаат Facebook налог, а родителите ќе можат да им одберат со кого ќе смеат да разговараат и што да споделуваат.

Во самата апликација има вградено многу филтри и ботови кои што ќе детектираат секаква голотија и насилни видеа и слики. Отсега и најмладите ќе можат да имаат видео повик.