Pfizer бара од регулаторите на САД вонредно одобрување за нејзината вакцина и тие се надеваат дека вакцината може да се користи веќе на почетокот на декември, пренесува АП.
„Ние сакаме да ја испорачаме вакцината што е можно посигурно и ефективно и што е можно побргу“, рече извршниот директор на Pfizer , Алберт Бурла.
„Вашингтон пост“ наведува дека Pfizer ќе биде првата компанија што бара итно одобрување, а министерот за здравство го поздрави со зборовите дека тоа ќе биде светло на крајот од тунелот.
И „Вашингтон пост“ наведува дека овој потег значи дека вакцината може да стане достапна за неколку недели.
„Помошта е на пат“, додаде Ентони Фаучи, пред објавата на Pfizer .
Pfizer пред два дена објави дека конечните резултати од последната фаза на тестирање на вакцината, што ја разви во соработка со „Бајонтек“, потврдија дека е ефикасна 95 проценти и дека ќе бара вонредно одобрување во наредните денови.
Фармацевтската компанија објави дека резултатите од вакцината развиена со германскиот „Бајонтек“ се доследни кај различна возраст и етнички групи и дека нема поголеми несакани ефекти.
Ефикасноста кај оние над 65 години, кои се ризична група за коронавирус, е поголема од 94 проценти, додаваат од компанијата.