На сите им е јасно дека е важно што внесуваме во организмот. Додека еден вид храна може да ни помогне да го зајакнеме имунитетот, друга е неопходно да ја сведеме на минимум.

Солта е важна алка за правилно функционирање на човековиот организам, но големото внесување на сол може да предизвика сериозни последици по имуниот систем.

Во овој период од клучна важност е имунитетот да ни биде јак, за телото да може да се избори со вирусите доколку ги напаѓаат.

Неодамна направено научно истражување во кое учествувале група луѓе кои се согласиле да минат низ многубројни биохемиски тестови. Тие секој ден консумирале по 6 грама сол повеќе од препорачаната доза.

Само една недела подоцна нивните резултати значително се влошиле и забележан бил нагол пад на имуниот систем.

„Едноставно кажано, имунитетот почнал да се руши и да слабее одбранбената моќ на телото“, велат докторите.

Вишокот сол спречува органите да ја прочистат крвта. Доколку телото има премногу сол, тогаш водата почнува да се задржува во органите и ткивата поради што бубрезите престануваат нормално да функционираат. Значи, поради задржување на токсините во телото се создава погодно тло за развој на разни воспаленија.

Последиците на прекумерното консумирање на сол се и развој на хроничен умор, проблеми со срцето, исцрпеност и пад на концентрација, како и проблеми со зглобовите и мускулите.