Американецот Џозеф Купер го возел своето BMW X5 од 2003 година, цели 65 километри по автопат во Флорида, со брзина од околу 160 км/ч. Причината за тоа била заглавената педала за гас.

Полицијата одвај успеала да го застане возилото откако три пати поставила препреки со шајки кои ги пробушиле гумите.

 

Купер во текот на возењето повикал полиција со цел да ги извести дека неговата педала за гас е заглавена, по што диспечерот му давал совети како да го забави возилото.

Помеѓу останатото, му било предложено да го извади менувачот од брзина, но тоа не успеало. Купер во текот на разговорот често извикувал “бегајте од патот”, истакнувајќи дека во еден момент за малку ќе удрел во друго возило.

Со помош на шајките, возилото на Купер било забавено на 95 км/ч., а потоа на 65 км/ч., а по 65 километри, BMW X5 конечно било запрено, движејќи се само на бандажите.

Од BMW најавиле дека ќе соработуваат со полицијата на Флорида со цел детално да го истражат случајот кој го опишале како “неверојатен”.

Погледнете го видеото: 

https://www.youtube.com/watch?v=4g_j95kxaUc

Извор: Точка