Apple се согласи да плати отштета од 113 милиони американски долари за аферата „batterygate“, во која намерно ги забавуваше старите модели на iPhone со надградба на софтверот. Корисниците на тие уреди поднесоа тужба против Apple, а во тужбата се наведува дека на овој начин се обиделе да ги принудат корисниците да купуваат нови модели.
Обидот на Apple да ја прикрие вистината предизвика гнев кај корисниците ширум Америка, а државите Аризона, Арканзас и Индијана започнаа истрага во 2017. година. Сега спогодба падна, но и законска обврска Apple да биде потранспарентна во иднина.
Скандалот почна во 2017 година, кога корисниците на iPhone забележаа дека нивните постари модели на телефони забавуваат откако ја ажурираа поновата верзија на iOS оперативниот систем на Apple.
Покрај оваа спогодба, има уште една од март, кога Apple се согласи да плати 500 милиони долари во колективна постапка.
Компанијата од Купертино призна дека телефоните во тоа време забавувале, но негираше дека тоа го сториле за финансиска корист. Сепак, во тужбата се вели и дека Apple сигурно знаела дека бавното работење на постарите уреди ќе има влијание врз продажбата на новите.