Сè си има своја цена, па така и патување во вселената. Во време кога технологијата се развива дури да трепнеме, сновачот на Tesla и SpaceX, Елон Маск ја намали цената за патување во вселената од 152 на 2 само милиони долари.
Неговите планови за ова драстично намалување на цената го вклучуваат леталото Starship коешто може да собере околу 100 патници, а може да се искористи во повеќе наврати, пишува порталот Space.
Маск рече дека се потребни околу 900.000 долари за гориво и уште 1,1 милион долари за дополнителни трошоци за време на летот. Тој смета дека овој вид на вселенско патување е примамливо и за НАСА.
За да ја исполни неговата замисла тој треба да им вети на патниците дека ќе бидат безбедни за време на патот, но и во базата каде што ќе бидат сместени.
Ова е уште една од низата амбициозни изјави на Маск. Тој има навика да ја известува јавноста за неговите планови коишто понекогаш се остваруваат, понекогаш не. Ни останува да видиме дали ќе го исполни овој план за патување во иднината.
Извор: B92.net