HTC во јуни ќе го издаде својот нов ударен телефон HTC U11. Непосредно пред излегувањето на пазарот стигнуваат и првите информации за идната софтверска поддршка за овој уред.
Информациите стигнуваат од самиот HTC, поточно од главниот финансиски директор на тајванската компанија. Чиа-Лин Ченг истакнува дека HTC U11 сосема сигурно ќе ги добие двете следни поголеми надградби на оперативниот систем Android, поточно ќе добијат надградби за системите Android O и Android P.
Исто така, HTC наводно во следните години сериозно ќе размисли за понатамошното проширување на поддршката за HTC U11, кој би можел да добие дури и надградба за некои од идните верзии на Android после верзијата P (односно Android Q). Самата одлука ќе зависи од хардверските и софтверските барања на следните верзии на Android.