Lenovo веќе извесно време го подига интересот на корисниците за својот прв гејминг теелфон. Lenovo Legion сега има и офиицјален период на објава. Компанијата потврди дека телефонот ќе биде објавен во јули.

На страниците на Weibo, кинеската комапнија истакна дека Legion пристигнува во јули, иако не е откриен конкретниот датум на објава на уредот.

Иако некои извештаи сугерираа дека телефонот ќе користи Snapdragon 865+ чипсет, поголема е и веројатноста дека ќе го покренува Snapdragon 865 модел. Претходно се појавија информации дека Qualcomm оваа година би можел да ја прескокне објавата на SD865+ чипсет.

Lenovo Legion гејминг смартфонот би можел да има 144Hz стапка на освежување за својот FHD+ дисплеј. Резолуцијата на екранот би требало да изнесува 2340 × 1080p. На задната страна се очекуваат 64MP + 16MP камери, додека од предната страна ќе биде сместен 20MP селфи сензор.

Покрај наведеното, претстојниот Lenovo телефон би требало да користи двоен линеарен вибрациски мотор по X оската. Тизерите од порано укажуваат и на „3D cooling tower“ структура, со два оддела со разладни цевки, што значајно ќе помогне кај подолгите гејминг сесии.