Motorola се подготвува конечно да го претстави стандардниот Moto E7 теелфон, со оглед на тоа дека E7 Plus варијантата е достапна уште од септември. Сега се појавија нови фотографии, кои Moto E7 го прикажуваат во две варијанти на бои.
Покрај рендерите, тука се и дел од спецификации. Се очекува дека телефонот ќе има 6,5-инчен HD+ дисплеј, 48MP главна камера и 2MP сензор на длабочина, како и 5MP селфи камера сместена во засек. Уредот ќе го напојува 4000mAh батерија. Android 10 ќе биде задолжен за софтверската страна на уредот.
Засега се уште не е познато кога Moto E7 ќе биде официјално претставен, а сигурно дека ќе биде поевтин од прилично достапниот E7 Plus моделот.