Компанијата HMD Global минатата година го претстави Nokia C1 – буџетски Android Go телефон, со компактен 5,45-инчен екран. Сега се појавија информации за неговиот наследник, под името Nokia C1 Plus.
Nokia C1 Plus го задржува 5,45-инчниот дисплеј, што го имаше и неговиот претходник, со HD+ резолуција и 5MP селфи камера. Главната камера на задната страна, исто така, има 5MP сензор.
Се очекува дека телефонот ќе го покренува осмојадрен чипсет, со работен так од 1.4GHz, заедно со 1GB RAM и 16GB простор за складирање податоци. Батеријата на уредот има капацитет од 2500mAh.
Очекуваните димензии за C1 Plus се 149,1 mm x 71,2 mm x 8,75 mm. Nokia C1 Plus се очекува подоцна во текот на ноември во црвена и сина боја.