Течностите за плакнење уста и некои орални антисептици имаат моќност да го неутрализираат вирусот во устата и да го спречат неговото ширење, се вели во новата студија направена од Универзитетот во Пенсилванија.
Резултатите кои беа објавени во научното списание „Journal of Medical Virology“, покажуваат дека повеќето од овие производи можат да бидат многу корисни за намалување на количината на вирусни честички во устата откако ќе навлезат внатре.
Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија, САД, тестирале неколку орални и назофарингеални раствори во лабораторија за нивната способност да го неутрализираат коронавирусот.
„Додека чекаме да се развие соодветна вакцина, потребни се методи за да се намали преносот на Ковид-19. Производите што ги тестираме се лесно достапни и често се дел од секојдневниот живот “, рече Крег Мајерс, професор на Универзитетот во Пенсилванија.
Растворот за шампон за бебиња од 1 процент, кој честопати го користат лекарите за миење на синусите, деактивира повеќе од 99,9 проценти од коронавирусот по двоминутен контакт.
Исто така, според новата студија се покажа дека производите за плакнење на уста се ефикасни во спречување на вирусот.
Многу од нив уништуваат повеќе од 99,9 проценти од вирусот по само 30 секунди плакнење на устата (правење гаргара).