Apple го лансираше Apple Music TV, што е верзија на Apple Music услугата на телевизија. Сервисот кој во моментов им е достапен само за американските корисници, е целосно бесплатен и се состои од 24-часовна стриминг содржина (музички видеа).
Apple Music TV е врзан за апликацијата Apple TV и претставува еден вид удар врз конкуренцијата, како што е YouTube Music. Гледачите на Apple Music телевизијата треба да бидат привлечени од видео-премиерата на песната 777 од јапонскиот пејач Joji и Gorgeous од американскиот рапер Saint Jhn.
Сепак, врвот на промоцијата на новиот сервис е закажана за 22 октомври, кога Брус Спрингстин ќе гостува на Apple Music TV, промовирајќи го својот нов албум Letter to You. На самиот почеток од своето постоење, Apple Music TV ќе објави преглед на стоте најчесто емитувани музички нумери преку Apple Music услугата .