Обврзните ажурирања за Windows 10 не се новитет, но најновиот пример покренува неколку прашања. Windows Latest, ZDNet, The Verge и самите корисници на форумите истакнуваат дека Windows 10 принудно ги рестартира компјутерите за да инсталира линкови за Office веб апликациите кои се покренуваат во Edge, вклучувајќи ги оние во Start менито. И покрај првобитните извештаи, тоа не е ограничено само на Insider членовите – промената ја забележаат и оние кои ги користат стандардните верзии на Windows 10.
Апликациите не заземаат простор за складирање ниту трошат други ресурси. Досега меѓутоа инсталирањето на Office апликациите беше опционално. Windows сега не бара дозвола од корисникот, ниту го известува за тоа што ќе се случи. Microsoft може потенцијално да ја попречува работата или другите важни задачи кои ги извршува корисникот, а се за да го промовира својот онлајн пакет за продуктивност.