Honor на Weibo страниците објави постер кој ги навестува претстојните MagicBook лаптопи на компанијата, кои ќе бидат освежени. Новата линија сега ќе користи 7 нанометарски AMD Ryzen 4000 процесори. Објавата на преносните компјутери ќе се одржи на 16. јули.

Новите AMD чипови ветуваат значаен скок во перформансите, со истовремена заштеда на ресурсите. Се очекува дека подобрувањата ќе бидат уште подобри во однос на она што го нуди Ryzen 3000 серијата.

Првобитната објава на Honor MagicBook лаптопите со Ryzen 4000 процесори е планирана за пазарот на Кина, но се очекува дека во текот на следните неколку месеци уредите е бидат достапни и на глобалните пазари.

Постојат и гласини дека Honor планира објава на гејминг лаптоп, но повеќе детали за ова се очекуваат во текот на следната недела.