Иако 2020 година е веќе при крај, производителите на смартфони сè уште во целост не смислија решение за edge-to-edge дизајн на екранот. Покрај засеците и punch-hole отвори, се издвојуваат решенија со pop-up камери. Сега Vivo укажува на нова варијанта на ова решение, а во прашање е pop-up селфи камера, што може да се издвои од телото на телефонот.
IFEA концептот на корисниците да ја одделат селфи камерата од телефонот, откако ќе биде целосно подигната. Покрај наводите на компанијата Vivo, камерата може да се користи безжично, а дури и може да се прикачи на други објекти за да се понуди единствено искуство при фотографирањето. Камерата е можно да се позиционира на начини на кои тоа никогаш не било можно, доколку би била закачена за смартфонот.
Во оваа камера без сомнение се наоѓа батерија и некој вид далечинска конекција – по можност Bluetooth. Концептот е многу интересен и ја добри познатата Red Dot Design нагарада, но засега не е познато дали Vivo ќе го направи оној главен чекор и ќе почне со масовно производство на оваа pop-up камера.