Играчите на популарната видео игра сега на располагање имаат автомобили благодарение на најновиот апдејт наречен Joy Ride.

Fortnite и пред апдејтот имаше различни возила, вклучувајќи авиони, хеликоптери, чамци, голф и АТВ возила, но не и автомобили. Меѓутоа, тоа се промени со најновиот апдејт на видео играта.

Играчите отсега можат да користат четири типови на нови автомобили, а тоа се Islander Prevalent, спортскиот Victory Motors Whiplash, OG Bear пикапот и Titano Mudflap камионот. Возилата е лесно да се пронајдат на мапата, но сепак играчите ќе треба да внимаваат на горивото.

Новите возила донекаде ја променија динамиката, овозможија брзо движење низ мапата, а можат да се користат и како средство за елиминирање на противниците, односно газење на другите играчи. Исто така, доволно се цврсти за да ги пробијат и ѕидовите, а нивната брзина зависи од тоа дали се оштетени.

Автомобилите доаѓаат и со интегрирана музика на популарните изведувачи како што се Lady Gaga, Drake и Ariana Grande.

Извор: Klix.ba