Спецификациите на Huawei Mate 40 Pro телефонот се појавија на Geekbench, пред официјалното претставување закажано за 22. октомври. Моделот на Huawei, NOH-NX9, за кој се верува дека е Pro варијанта на претстојната серија Mate 40, се појави на бенчмарк сајтот, откривајќи ги главните карактеристики. Истиот модел го доби и TÜV SÜD сертификатот.
Geekbench листингот открива дека Huawei Mate 40 Pro ќе работи со Kirin 9000 чипсет. Самиот бенчмарк не го споменува името на чипсетот, но упатува на графичкиот процесор Mali-G78 креиран во 5nm процес. Kirin 9000 ќе биде првиот 5nm чипсет на Huawei и се очекува да има вграден 5G модем. Листингот открива и поддршка за 8GB RAM меморија.
Смартфонот од старт ќе има поддршка за Android 10, а се очекува да пристигне со AppGallery продавницата за апликации на Huawei. Mate 40 Pro постигна 1.020 поени во тестот на едно јадро и 3.710 поени во повеќе-јадрениот тест на Geekbench, што претставува резултат во рамките на премиум сегментот.
Huawei Mate 40 Pro, исто така, се очекува да има издолжен punch-hole засек за две селфи камери, додека од зодната страна ќе има тркалезен модул со четири камера сензори, вклучувајќи ја и главна камерата од 108MP. Телефонот ќе поддржува и брзо полнење од 66W.
Поврзани артикли