До 2070. година, петтина од паланетата Земја би можела да достигне температура која што ја има пустината Сахара. Тоа би натерало околу три милијарди луѓе да ги напуштат своите домови или пак да се обидат да преживеат на такви пеколни температури.
Од аспект на опстанување на човештвото, податокот е загрижувачки, затоа што обработливата земја би била необработлива за одгледување основни култури за исхрана на луѓето.
Предвидувањето на екстремните температури на нашата планета за наредните 50 години направени се врз основа на климатските промени затоа што емисијата наштетни гасови се зголемува.
Во меѓувреме, огромни делови од Русија, Канада и Арктикот постепено преминуваат во умерена клима.
Доколку против климатските промени не почнеме да се бориме на меѓународно ниво, речиси половина од луѓето на планетата Земја ќе мора да пронајдат нов дом во наредните децении.
Извор: Kurir.rs