Intel претстави нов процесор од i3 серијата, за да се натпреварува со најновата AMD Ryzen 3 серија, нудејќи им на корисниците четири јадра и осум јазли со турбо фреквенции до 4.3GHz.

Core i3-10100F е најновиот процесор на Intel од 10. генерација. Како и сите F-series Intel процесори, и овој CPU има интегрирана графика, што го прави идеален за оние кои сакаат да користат стандарден GPU и планираат да заштедат на купувањето процесор.

Intel i3-10100F со својата 4C/8T конгигурација е способен да ги поддржи модерните игри со добри фрејмрејт вредности. На Intel ARK сајтот, компанијата го прикажа i3-10100F процесорот по препорачана малопродажна цена помеѓу 79 и 97 долари.

Сегментот на пазарот под 100 долари на Intel ќе му обезбеди продажба на овој процесор на креаторите на PC системите кои немаат голем буџет, но сакаат нов хардвер.

Покрај тоа, Intel LGA 1200 подножјето ќе им обезбеди на корисниците можност за надградба на помоќните Comet Lake процесори во иднина, како и на планираните Intel Rocket Lake процесори.