Realme го засилува своето присуство во Европа, а од вчера корисниците можат да ги нарачуваат Realme 7 и 7 Pro смартфоните. Двата уреди се со услуга „3 + 2“, која вклучува тригодишна гаранција и два месеци бесплатна замена.
Realme 7 Pro работи на Snapdragon 720G чипсет и со оперативниот систем Android 10. Realme ветува надградба на Android 11 со Realme UI 2.0 интрефејсот од следниот месец.
Телефонот има 6,4-инчен Super AMOLED дисплеј со 1080p+ резолуција и вграден сензор за отпечатоци под екранот, како и селфи камера од 32MP. На задната страна има главна камера од 64MP (Sony IMX682) и ултра-широк сензор од 8MP. Realme 7 Pro поддржува полнење од 65W SuperDart и за 10 минути се напојува 43% од батеријата, додека пак до врв се полни за 24 минути.
Realme 7 Pro ќе биде достапен на Realme.com и Amazon од 13. октомври, по цена од 300 евра за моделот со 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање во Mirror Silver и Mirror Blue варијанти на бои.
Realme 7 има 6,5-инчен IPS LCD екран со стапка на освежување од 90Hz и работи на чипсетот MediaTek Helio G95. Моделот за Европа доаѓа со основен капацитет на RAM меморија од 4 GB (достапен до 8 GB). Главната камера има сензор од 48MP, заедно со ултра-широка камера од 8MP.
5000mAh батеријата има поддршка за 30W Dart полнење. Исто така, уредот поседува TÜV Rheinland’s Smartphone Reliability Verification, што опфаќа 22 големи и 38 помали тестови во различни области.
Realme 7 ќе се најде на пазарот од 21. октомври во Mist White и Mist Blue варијанти, по цени од 180 евра (4/64 GB), 200 евра (6/64 GB) и 250 евра (8/128 GB).