Samsung минатиот месец го најави Galaxy A42 5G телефонот, но јужнокорејската компанија тогаш изостави некои битни детали за уредот. Тоа вклучува чипсет што го покренува телефонот, како и достапност на пазарот.
Недолго по најавата, Galaxy A42 5G е забележан на Geekbench, кој открива дека телефонот го покренува најновиот Snapdragon 750G чипсет.
Сега Samsung објави официјални рендери во три опции на бои – бела и сива, покрај црната варијанта што веќе имавме прилика да ја видиме претходно. Телефонот има дизајн во четири тона на задната страна, за да се разликува од останатите модели од A серијата.
Да потсетиме, Samsung Galaxy A42 5G има 6.6-инчен Infinity-U Super AMOLED дисплеј со FHD+ резолуција, како и сензор за отпечатоци од прсти под екранот. Системот на камери на задната страна го сочинуваат 48MP главен сензор, 8MP ултраширок, 5MP макро и 5MP сензор за длабочина. Од предната страна се наоѓа 20MP селфи камера.
Телефонот го напојува батерија од 5000mAh, со поддршка за брзо полнење. Цената на Galaxy A42 5G моделот во Европа ќе изнесува 369 евра, судејќи според неодамнешата објава на дивизија на Samsung од Германија.