Xiaomi Mi Watch пристигнува во Европа, со сопствен софтвер што му помага да постигне дополнително долг работен век на батеријата.

Кружниот AMOLED екран на часовникот има дијагонала од 1,39 инчи и 454 x 454p резолуција. Дисплејот нуди осветлување од 450 нита, а заштитен е со Gorilla Glass 3 стакло.

Паметниот часовник има 117 модови за вежвање, вграден GPS приемник, 5 ATM отпорност на вода, така што може да се користи во текот на пливање. Часовникот може да ја следи работата на срцето и сатурацијата на кислород во крвта (SpO2). Интернационалниот модел има и NFC поддршка, како и контрола со гласот.

Батеријата на Mi Watch моделот има 420mAh капацитет, а може да трае со 16 дена и потребни и се само два часа да се наполни до врв. Самиот часовник е прилилно лесен, со тежина од 32 грама без ремен.

Xiaomi Mi Watch ќе биде достапен наскоро, по цена од 100 евра.

watch3_8.jpg
Xiaomi го најави и 65W полнач, заснован на модерна GaN технологија. Mi 65W Fast Charger може да ги полни различните уреди, од телефони до лаптопи (како и Nintendo Switch). Има USB-C порт и поддржува USB Power Delivery.

Полначот ќе биде достапен наскоро, по цена од 30 евра.