Социјалните мрежи ги променија профилните фотографии на своите официјални профили во црна боја со цел да пружат поддршка во борбата против расизмот.

Twitter, освен официјалниот профил, ја променил фотографијата и на својот профил од кој „ретвитува“ објави, на кој стои дека расизмот не почитува социјална дистанца и дека, и покрај растечкиот страв во светот, ги повикуваат луѓето да обрнат внимание на проблемите на луѓето со црна или кафеава боја на кожа.

За потсетување, немирите во САД кои се веќе на раб на граѓанска војна, настанаа поради убиството на Џорџ Флојд, маж со црна боја на кожа, од страна на полицаецот Дерек Човин. Оттогаш борбата против расизмот секој ден сè повеќе се распламтува на улиците ширум Минеаполис, но и другите делови на САД.

Набрзо и Facebook тргнал по сличен пат, па така и нивната профилна фотографија на профилот Facebook App е обоена во црно, како и фотографијата на официјалниот Instagram профил.

Извор: B92.net