Со технологијата на Amazon за препознавање на дланката на раката нема да има потреба за плаќање со банкарски картички – ќе биде доволно да се потпре дланката над посебен уред за плаќање.
Бројните компании експериментираат со различните начини на плаќање за кои повеќе не би ни била потребна банкарска картичка, па дури ни смартфон или паметен часовник, туку плаќањето би го извршувале, на пример – со поглед. Она што на многумина на Запад им изгледа како потенцијален проблем за приватноста, на Кинезите не им се чини толку страшно, па милиони луѓе во најбројната земја во светот ги плаќаат сметките во продавниците со поглед, односно преку технологијата за препознавање на лицето/зениците.
Таквиот начин на плаќање, барем моментно, тешко би бил прифатлив во европските земји и САД, па во Amazon размислуваат за алтернативни решенија што ќе овозможат биометриско плаќање, а кои нема да изгледаат толку опасни за приватноста на корисниците. Уште минатата година, компанијата пријави патент за тенологијата за препознавање на дланката, а пред неколку дена официјално ја претставија оваа технологија, што дланката на раката треба да ја претвори во банкарска картичка.
Плаќањето ќе се врши така што дланката на раката се поставува над посебен уред, кој врз основа на површината на дланката, односно единствените црти и примероците на крвните жили, ќе го препознае единствениот „потпис на дланката“. Па така, кога ќе дојде време за плаќање, корисниците ќе ја стават дланката над уредот, што ќе земе пари од картичката, односно сметката поврзана со дланката на раката. За користење на технологијата нема да биде потребни да се има сметка на Amazon, туку само телефонски број и секако, бројот на картичката што ќе се поврзе со потписот на дланката, а во случај корисниците повеќе да не сакаат да ја користат дланкатра, ќе можат да се избришат биометрискире податоци од порталот на компанијата.
Технологијата наречена Amazon One најпрвин ќе се користи во двете Amazon Go продавници во Сиетл, по што нејзиното користење можеме да го очекуваме и во другите продавници на Amazon. Целта на компанијата на Џеф Безос е истата технологија да им ја понуди и на другите трговци, стадиони, канцелариски згради и слично, кои би можеле да имаат корист од таквиот брз и едноставен начин на плаќање. Порталот The Verge истакнува дека и другите компании веќе експериментирале со слична технологија на препознавање на дланката, но таа токму поради Amazon, односно големината и силата на компанијата, би можела да стане реалност.