Првиот веб речник на Македонски знаковен јазик е веќе достапен за јавноста на www.znakoven.mk
Речникот е целосно изработен од членовите на Здружението на глуви и наглуви “ТИШИНА” – Карпош со поддршка на Министерството за Надворешни работи на кралството Норвешка, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и маркетинг агенцијата SkyBlueMedia.
Преку проектот “Раце што зборуваат” се поставува солидна основа пред се за глувата популација, за знаковните толкувачи, но и за сите заинтересирани во Македонија да се здобијат со квалитетно образование на Македонскиот знаковен јазик во кои се употребени високи светски стандарди за изработка на еден ваков речник.
Длабоко сме убедени дека преку овој проект се отвара нова страница во Македонското општество за зголемена рамноправност помеѓу глувите лица и лицата што слушаат со цел да се обезбеди подобра комуникација, социјална инклузија на глувата популација како и подигање на јавната свест за нивните потреби.
Придружете сé и запознајте еден нов свет преку кој можете да го научите јазикот кој може да се види.