Целосно автономен истражувачки брод ќе тргне на едно од првите автономни трансатлантски патувања.
Непрофитната истражувачка организација Promare во соработка со компанијата IBM и глобалните партнери и други научни организации го разви и направи бродот Mayflower Autonomous Ship (MAS).
Бродот ќе исплови од Плајмут во Велика Британија на 16. септември без ниту еден член на екипажот, а неговата дестинација е Масачусец.
Со оглед на тоа дека нема екипаж, целиот простор во внатрешноста на бродот се користи за експерименти. Тргнува со помош на соларна енергија, а задачата му е да собере важни еколошки податоци за океанот и да помогне во подобро разбирање на проблемите како што се глобално затоплување, загадување на океанот и слично.