Според најновите информации, очигледно дека компанијата Apple сака да се прошири на пазарот во Сингапур. Имено, покрај отворањето на тн. пловечка продавница, Apple се договорил со властите во Сингапур, градот да му донира пари на секој корисник што сака да ја користи новата здравствена апликација дизајнирана за Apple Watch.

Се крена голема врева во Сингапур по повод најновите одлуки на градските власти да го субвензионираат и промовирираат користењето на новата здравствена апликација за Apple Watch. Пред неколку дена е најавено дека секој жител што ќе почне да ја користи новата здравствена аплиакција ќе добие повеќе стотина долари како награда. Оваа апликација ги поттикнува корисници секоја недела да вежбаат и да завршуваат одредени активности, како пешачење, пливање или вежбање јога. Исто така, ги потсетува корисниците да се пријавуваат и на здравствени прегледи и именување за имунизација. Со потврдување на овие цели, корисниците можат да заработат до 380 долари.

Apple ова ново партнерство го опиша како „прво од таков вид“. Освен што Сингапур го има еден од водечките светски здравствени системи, воодушевувањето со новата одлука на градските власти не стивнува. Очигледно е дека луѓето се задоволни со тоа што градот ги мотивира да работат на себе и да го чуваат своето здравје.

Во Сингапур наскоро се отвора првиот Apple Store над вода