Со четири раце, без уши, со крила, без нозе, со две срца, со голема глава а мало тело, ќе живеат под земја, ќе пливаат под вода, ќе скокаат, ќе го менуваат обликот на телото… Тоа се само дел од визиите како можат вонземјаните да изгледаат кога би постоеле. Сепак, не може да знаеме. Или можеме?

Седмиот фокус од циклусот на популарни предавања е свртен кон тема која многумина сакаат да ја знаат и за која се многу љубопитни. Идеата за постоење на вонземјани никој го остава рамнодушен. Земајќи ги во предвид основните параметри на нашите соседни планети (гравитација, температура, стуктура, атмосфера…), ќе прелетаме низ сончевиот систем и ќе се обидеме да ги конструираме хипотетичките жители на секоја наша блиска планета. Како би изгледале и што би правеле ќе дознаете доколку не посетите на познатото место во познатото време.

Наредното предавање од популарниот циклус на Скопско Астрономско Друштво ќе се одржи во четврток, со почеток во 20 часот, во Амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Цената на влезницата изнесува 100 денари, а за членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје, влезот ќе чини 50 денари (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

Билетите се купуваат пред почетокот на предавањето, на влезот на амфитеатарот, и не е потребна претходна најава. Се замолуваат посетителите дојдат 10 минути пред почетокот, како би можеле навремено да купат билет и да се сместат во амфитеатарот пред почетокот на предавањето.