Компанијата Sony продолжува да ја освежува сојата линија смартфони, а со новиот модел Xperia 5 II се фокусира на фотографии и видео. 

Се работи за уред кој е помала верзија на скапиот модел Xperia 1 II. Овој модел со пристапна цена има екран со фреквенција на освежување од 120 Hz.

Xperia 5 II има 6,1-инчен екран со формат 21:9. Смартфонот доби Qualcomm Snapdragon 865 процесор, 8 GB RAM, 128 или 256 GB интерна меморија и батерија од 4.000 mAh.

Што се однесува на камерите, на задната страна се наоѓаат три камери од 12 MP, а Sony воведе и можност за снимање во 4К резолуција и 120fps slow motion видеа во HDR.

Новиот модел пристигнува со полнач од 18W. Батеријата се полни до 50% за 30 минути.

Xperia II 5 e водоотпорна и отпорна на прашина според стандардот IP68/IPX5. Предната и задната страна се заштитени со Gorilla Glass 6.

Уредот ќе биде достапен во црна, сива и сина боја и ќе чини 900 евра.

Sony ќе продава и два додатоци, Stand Cover со постоље и традиционалниот Style Cover.  Телефонот ќе ги поддржува и DualShock 4 контролерите.

Извор: Klix.ba