Претставувањето на Realme Smart TV се очекува на 25. мај, а пред објавата на дизајнот и главните карактеристики на уредот се откриени на микросајтот на уредот.

Realme Smart TV е окарактеризиран како премиум, со дизајн без рамки. Телевизорот ќе има мотор за подобрување на сликата и ќе поддржува осветлување до 400 нита. Realme тврди дека телевизорот нуди „за 20 проценти посветла слика во просек“.

Televizor ќе го покренува 64-битниот MediaTek процесор со Mali-470 MP3 графичка картичка. Ќе има четири 24W стерео звучници и ќе поддржува Dolby Audio.