Instagram често експериментира и некои опции ги откриваме и самите, пред на сите да им станат достапни, а некои се појавуваат сами од себе.
Сега се работи за една таква, што се појави од никаде и внесе незадоволство меѓу корисниците, но не грижете се – има „лек“ и за неа!
Во Instagram Story веќе некое време, меѓу приказните на луѓето кои ги следиме се вметна и една релативно нова опција. Тоа се предлозите на луѓе, што Instagram смета дека треба да ги следите, а засновани се поради вашите активности на мрежата и пријателите во Facebook, WhatsApp и Messenger апликациите. Секако дека Facebook го користи тоа што ве има на повеќе мрежи и сака бројот на вашите пријатели на сите мрежи да расте, па ако некои ги имате на FB, а ги немате на Instagram, мрежата овие пријатели ќе ви понуди да ги додадете и на Instagram мрежата.
Исто така, врз основа вашиот профил Instagram ќе ви препорачува и нови пријатели и тоа по три во секое ново Story од тој тип.
Проблемот со оваа функција која не е нова, е тоа што се интензивираше во последните неколку недели, односно нејзиното појавување во Story објавите, па сега малку по малку имате прилика да гледате препорака кого да додадете од мрежата. Ова лесно ќе го избегнете, ако ја исклучите оваа опција.
Прв пат кога ќе ги видите препораките на пријатели во Instagram Story, кликнете на трите точки (долу) и изберете ја опцијата „Не прикажувај повеќе“. Отсега па натаму би требало да нема повеќе предлози во вашите приказни, додека Instagram повторно не ги активира на некој поинаков начин.
Дали ве нервира оваа Instagram функција?