Huawei неодамна патентираше нов телефон, што на задната страна има многу интересен и единствен систем на камери. Смартфонот на задниот дел има пет камери, додека шестиот сензор е сместен под дисплејот од предната страна.

Сајтот LetsGoDigital ја откри пријавата за патент кај CNIPA (China National Intellectual Property Administration) организацијата. Патентот открива дека покрај камерите, целиот уред има футуристички изглед.

Патентот открива три варијанти на овој телефон. Различните верзии на уредот имаат систем на камери сместен на различните места на задната страна – во средина, како и во левиот/десен агол. Уникатниот камера модул е прикажан во хексагонален облик, со пет камера сензори и LED блиц.

h2_101.jpg

Од левата страна на рамките нема копчиња, додека од десната страна се сместени копчиња за вклучување и звук. Во дното се наоѓа USB Type-C порт о еден звучник, додека од горната страна се позиционирани  3.5mm приклучок и микрофон.

Не е познато дали Huawei планира да го комерцијализира телефонот од овој патент, или компанијата само сака да ги задржи правата над ваквиот дизајн.