Мегапопуларната апликација TikTok тестира нова опција за споделување на видеа.

Новата функција под назив Repost би требала да го олесни споделувањето на видеа од страницата For You за да не се испраќаат преку директни пораки. Ова копче ќе работи слично како опцијата Retweet на Twitter.

Новата опција ќе биде ограничена на страницата For You што значи дека нема да биде достапна за целата TikTok апликација.

Засега Repost се тестира на помала група на корисници.

Извор: Klix.ba