Во текот на претходните неколку недели Xiaomi и подбрендовите на компанијата веќе објавија голем број на паметни телефони, а последни меѓу нив се Poco X3 NFC и Poco M2. Меѓутоа, кинеската компанија не планира тука да запре.
Xiaomi сега официјално потврди дека на 15. септември ќе претстави уште еден достапен смартфон, под името Redmi 9i. Судејќи според извештаите, постојат гласини дека Redmi 9i би можел да биде ребрендиран модел на Redmi 9A телефонот, што беше објавен претxодно.
Телефонот ќе биде официјализиран во Индија, а Pricebaba истакнува дека Redmi 9i ќе биде донекаде надградена верзија на Redmi 9A моделот, со повеќе меморија и простор за складирање: 4GB + 64GB и 4GB + 128GB варијанти. Покрај тоа, се истакнува дека уредот ќе биде достапен во три бои – Nature Green, Sea Blue и Midnight Black.