Се приближува официјалната објава на експерименталниот телефон на компанијата LG, под името Wing. За уредот веќе се познати доста детали, а сега се појави ново видео што го прикажува ротирачкиот дисплеј на смартфонот во акција.

Обликот „Т“ што го креира ротирањето на екранот, секако е неконвенционален за актуелните телефони, но тоа важи и за комплетниот формат на LG WIng. И покрај свежиот дизајн, останува да се види колку корисници ќе бидат подготвени да одвојат околу 1000 долари за Wing, посебно ако се земат во предвид гласините за тоа дека уредот нема да користи премиум чипсет.

Функционалноста и употребливоста на преттсојниот телефон е секако интригантна, а останува прашањето како екстерните апликации во целост ќе го поддржуваат ова единствено решение со два дисплеја.

LG Wing ќе биде официјално претставен следниот понеделник (14. септември), а дотогаш веројатно ќе видиме уште информации за необичниот уред.

LG Wing со ротирачки екран пристигнува на 14. септември (ВИДЕО)