Луѓе со денови чекаат пред продавниците низ светот за да го купат својот примерок на iPhone X
Продажбата на технолошката компанија Apple скокна во последните неколку часа низ целиот свет откако новиот iPhone X беше официјално пуштен во продажба.
На последниот настан на компанијата беа претставени три нови модели телефони – iPhone 8, 8 Plus и iPhone X. Првите два модели се во продажба од минатиот месец, но тие не успеаја да ги возбудат фановите на брендот и продажбите беа пониски.
Денес наутро сепак долги редици се појавија пред големите продавници на Apple во Берлин, Лондон, Хонг Конг, Сингапур, Пекинг, Сиднеј и Њујорк. Многу луѓе ја поминаа ноќта пред продавниците за да бидат први што го купиле новиот уред.
Компанијата ветува дека iPhone X е иднината на мобилните телефони. Прелиминарните нарачки за новиот смартфон ги надминаа очекувањата на компанијата, и досега не беше јасно дали тие ќе можат да ја достигнат побарувачката.
Новиот телефон, исто така, носи голем успех на глобалниот пазар, при што акциите на Apple се зголемија за 4% во изминатите неколку часа. Финансиери од Волстрит предвидуваат дека до Божиќ, Apple ќе стане првата јавна компанија која ќе чини трилион долари.
Хаос во Москва: Русите го чекаа iPhone X како на времето леб
Лудилото околу купувањето на најновиот модел iPhone X стигна и во Москва каде граѓаните чекаа со денови пред продавницата за да стигнат до свој примерок. Чекањето во ред се продаваше дури и поскапо од самиот телефон, а како што пренесуваат медиумите, едно време и сообраќајот бил во прекин.
View this post on InstagramA post shared by Сервис Apple | Москва (@irepair_bestrepair) on
Кога продавницата на овластениот дистрибутер се отворила, во улицата во која редовно има сообраќаен метеж дошло до прекин на сообраќајот поради масата луѓе кои чекале да влезат во продавницата и да купат примерок од новиот телефон.
Луѓето почнаа да кампуваат пред продавницата ReStore уште пред неколку дена, а беа и добро подготвени со столици, ќебиња и топол чај.
Москва, наши дни: Очередь за Iphone X
Продажа начнется только в пятницу… pic.twitter.com/Mi4LD8OTnk— Benjamin (@NataydoFudzyro) November 1, 2017
Пред оние кои дојдоа во четврток наутро веќе имаше 200 луѓе, а со нив станаа 500. Московските власти дури обезбедија и автобуси во кои луѓето можеа да се стоплат затоа што температурите се под нула степени Целзиусови.
View this post on Instagram#iphonex #очередь #очередьзателефоном
A post shared by Саша Ширяев (@aleksandre3000) on
View this post on InstagramA post shared by Карен Казанчян (@karen_kazanchian) on
Еден корисник на Твитер ги објави и цените за чекање во ред кои далеку ја надминуваа цената на самиот апарат. Колку понапред во редот се чекаше толку цената беше повисока.
https://www.instagram.com/p/BbBU-Tfjm7N/
На социјалните мрежи оваа појава беше предмет за потсмев, па некои дури ја споредија со ситуацијата за време на СССР кога се чекаше во редови за леб.
View this post on InstagramA post shared by SERGEY BOYKO (@boykoserg1990) on