Instagram додаде опција на споделување на објавите на другите корисници како Stories. Корисниците на мобилните уреди сега можат да притиснат копче за споделување под секоја објава, каде ќе им се прикаже опција објавата да ја додадат во својата приказна. Фотографијата може да се обработи пред објавата.

Можноста за делење на објави на други луѓе често беше барана од одреден број корисници. На начин на кој Instagram ова го имплементираше, на корисниците им се овозможуваат објави на приказните кои тие ги сакаат, а не случајна објава на несакани постови.

Можноста за делење на објавите во Stories секцијата почна да им пристигнува не некои корисници, а за сите ќе биде достапна во следните денови.