Како трета генерација на телефони на преклоп на Samsung, Galaxy Z Fold2 го комбинира импресивниот дизајн со најнапредните технолошки решенија
Компанијата Samsung официјално го претстави Samsung Galaxy Z Fold2, третата генерација од своите паметни телефони на преклоп. Овој уред носи потполно ново искуство на љубителите на најсовремените технолошки решенија во комбинација со елегантен дизајн. Со поголем надворешен и масивен главен екран, Galaxy Z Fold2 го трансформира начинот на кој се доживуваат и се користат паметните телефони.
„Патот кон новата генерација на мобилни телефони е секогаш патот на оригиналноста и иновациите“, изјави Др. TM Roh, претседател и директор на одделението за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics. „Моделот Galaxy Z Fold2 е резултат на анализа на коментарите на нашите корисници, затоа што сакавме да бидеме сигурни дека ќе им понудиме хардверско унапредување и иновации на софтверот кои им се навистина неопходни. Дополнително зајакнати со партнерствата со компаниите Google и Microsoft, продолжуваме посветено да работиме на трансформацијата на корисничкото искуство“.
Нов, унапреден дизајн
Galaxy Z Fold2 го спојува храбриот, иновативен дизајн со напредните инженерски решенија
Комплетно доживување во гледањето на видео содржини – Infinity-O надворешниот екран од 6,2 инчи обезбедува неограничени можности за корисниците, да бидат во можност да проверуваат електронска пошта, да ги пратат насоките кон локацијата или да ги гледаат омилените видео содржини без потреба да се отвори уредот. Кога ќе се отвори, масивниот главен екран од 7,6 инчи со максимално намалени рабови и предна камера без исечок на екранот, на корисниците им пружа врвни можности за играње игри, со стапка за освежување од 120Hz. Дополнително, благодарејќи на динамичните дуал звучници, Galaxy Z Fold2 доаѓа со најдобрите аудио перформанси досега, со унапредени стерео ефекти и уште почист звук.
Усовршен дизајн и технички решенија – Galaxy Fold2 доаѓа со елегантен дизајн и истанчен стил. Главниот екран е направен од Samsung Ultra Thin Glass стакло кое што овозможува премиум доживување. Hideaway Hinge шарката, која што дискретно се вклопува во куќиштето на уредот, е главен елемент на новиот дизајн. Шарката се одликува со специјален CAM механизам кој што му овозможува на уредот да стои самостојно, додека за безбедноста при преклопување е задолжена револуционерната slim cutting технологија. Galaxy Z Fold2 користи и специјална технологија за чистење, која што ги отстранува честичките од прашина од просторот помеѓу куќиштето и шарката. Бидејќи ова е трета генерација на преклопни уреди, овој sweeper механизам остварува поефикасни резултати, иако просторот за него е дополнително намален во споредба со моделот Galaxy Z Flip.
Корисникот одбира: Следење на содржини на надворешниот и главниот екран
Новиот Galaxy Z Fold2 со иновативната преклопна форма и софистициран дизајн максимално ќе го унапреди корисничкото искуство. Овој уред поддржува два режими, Flex mode за работа на поделен екран и App Continuity за непречена работа во апликациите додека се преминува од надворешниот на главниот екран. Оваа флексибилност им овозможува на корисниците да креираат или да гледаат содржина на надворешниот или на главниот екран, во зависност од нивните желби.
Флексибилен и продуктивен уред – Со Flex mode, создавањето и уредувањето на содржини во реално време е полесно како никогаш досега. Capture View Mode им овозможува на корисниците да гледаат фотографија или видео кое штотуку го снимиле, додека можно е и да се прегледуваат и петте последни снимки на долната половина од главниот екран, но и да се прикажува изгледот на идната снимка на горниот дел од овој екран. Со режимот Auto framing, Galaxy Z Fold2 снима hands-free видеа, при што актерот секогаш ќе биде во фокусот, дури и ако се движи. Тоа овозможува многу квалитетни сминки од танцувачки потези или тренинзи, без потреба да се држи уредот во рака.
Нови креативни можности – Сега и фотографот и фотографираната личност можат да учествуваат во создавањето на фотографиите, чиј preview се гледа и на надворешниот и на внатрешниот екран благодарејќи на Dual Preview опцијата. Дополнително, благодарејќи на флексибилноста на моделот Galaxy Z Fold2, сега се можни поквалитетни селфи фотографии со задната камера, при што надворешниот екран служи како приказ на идна фотографиј.
Функции на Flagship камерата – Камерата на Galaxy Z Fold2 нуди перформанси на flagship телефон. Со Pro Video mode, Single Take, Bright Night и Night Mode, Galaxy Z Fold2 им помага на корисниците секој момент да го забележат во врвен квалитет.
Максимално зголемување на продуктивноста
Galaxy Z Fold2 ќе им овозможи на корисниците врвна продуктивност со напредните мултитаскинг можности и едноставно користење.
Подобрени мултитаскинг алати – Со напредниот Multi-Active Window, корисниците можат полесно и пофлексибилно да го контролираат распоредот на вклучените апликации на екранот, додека сега е можно и истовремено отворање прегледување на повеќе документи во иста апликација. Подобрената Multi-Window Tray овозможува отворање на повеќе апликации со помош на функциите App Pair и Edge Panel, додека drag and drop опцијата служи за едноставно преместување на содржини, како текст, фотографија или документ, од една во друга апликација. Split Screen Capture служи да им овозможи на корисниците да го префрлам sreenshot-от од една во друга апликација.
Персонализирано корисничко искуство – Во одделот Подесувања, корисниците можат да изберат интерфејс на главниот екран во склад со своите потреби.
Оптимизиран приказ на апликации – Корисниците сега можат да го оптимизираат и да го унапредуваат и визуелниот сегмент на омилените апликации, вклучувајќи ги Gmail, YouTube и Spotify. Главниот екран овозможува да се доживеат апликациите на Office во Microsoft 365 исто како на таблет. На пример, корисникот може да користи Microsoft Outlook како на таблет, со Inbox делот на лева страна и новите мејлови на десна. Исто така, може да креира документи во Microsoft Word, Excel и Power Point програмите, со toolbar како оној на компјутер.
Galaxy уред со предности од партнерствата со компаниите Google и Microsoft
Низ долгогодишното партнерство со компанијата Google, Samsung постави екосистем и за уредите на преклоп, додека благодарејќи на партнерството со компанијата Microsoft, корисниците на телефонот Galaxy Z Fold2 можат да бидат продуктивни и ефикасни.
Потпирајќи се на долгата традиција со врвен квалитет, Samsung повторно ги поместува границите на иновациите и инженерството. Со моделот Galaxy Z Fold2, корисниците добиваат уред со целодневна батерија од 4500mAh во комбинација со супер-брзо полнење што значи дека не треба да се грижат дали уредот ќе се испразни. Овој модел нуди и можност за безжична конекција Samsung DeX заради подобрена продуктивност, додека технологијата UWB (Ultra Wide Band) интегрирана во уредот овозможува брзо споделување на датотеки, фотографии или видеа со Nearby Share.
Galaxy Z Premier услуги
Со Galaxy Z Fold2 корисниците ќе можат да пристапат на Galaxy Z Premier услугите: посебна поддршка на корисниците на овој уред, сега ќе биде полесно од било кога да се закажат состаноци, да се поврзете еден-на-еден со експерти и да откриете целиот потенцијал кој го нуди Galaxy Z Fold2. На корисниците со купувањето ќе им биде обезбедена и посебната еднократна Samsung Care+ заштита заслучајно оштетување во рок од една година од датумот на купување.. Исто така, корисниците на Galaxy Z Fold2 ќе имаат најквалитетно мобилно искуство благодарение на гарантираните три генерации надградби на Андроид оперативниот систем.
Достапност
Galaxy Z Fold2 ќе биде достапен од 18-ти септември во Мистично Црна и Мистично Бронзена боја, на околу 40 пазари, вклучувајќи ја и Македонија. На домашниот пазар ќе се продава по цена од 123.999 денари.
Повеќе информации за Samsung Galaxy Z Fold2 се достапни на https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold2/.
Целата презентација, односно Samsung Unpacked Part2 настанот можете да го погледнете во следното видео:
Поврзани артикли