Samsung за неколку дена ќе го претстави Galaxy Z Fold2 5G, а во меѓувреме се појавија поголем број на рендери на флексибилниот смартфон, кои уредот го прикажуваат во Mystic Bronze и Mystic Black варијанти.

Како што и поголемиот број информации претходно сугерираа, внатрешниот екран сега има punch-hole селфи камера. Надворешниот екран е значајно подобрен и се протега до рабовите, а исто така има и селфи камера во punch-hole отворот.

s2_31.jpg

Дизајнот на системот на задните камери доста потсетува на она што имаме прилика да го видиме на фотографиите од Galaxy Note20 линијата, како и Mystic Bronze варијантата на боја.

s3_18.jpg

Според претходните гласини, Galaxy Z Fold2 5G ќе има 6.23-инчен надворешен дисплеј, додека внатрешниот (во расклопена состојба) се зголемува на 7,7 инчи. Екранот е AMOLED и има 120Hz стапка на освежување.

s4_4.jpg

Системот од три камери на задната страна би требало да се состои од 12MP + 64MP + 12MP сензори, додека селфи камерата ќе има 10MP. Телефонот има вградена 5G поддршка, а капацитетот за складирање изнесува 512GB. Сето ова ќе го напојува 4356mAh батерија, со поддршка за 15W безжично полнење.