Motorola Razr 5G веќе некое време е предмет на гласини и вести, а сега дојавувачот Ishan Agarwal укажува на некои од хардверските унапредувања, што се очекуваат за претстојниот телефон. Ова вклучува поспособни камери, побрз чипсет и поголема батерија.
Razr 5G, според наводите, ќе користи Qualcomm Snapdragon 765G чипсет, ќе има посилна 48MP главна камера на задната страна. Ова се значајни надградби во однос на Snapdragon 710 чипот и 16MP камера од претходниот RAZR модел.
Резолуцијата на предната камера е исто така зголемена, од 5MP на 20MP. Покрај тоа, капацитетот на батеријата е сега поголем и изнесува 2800mAh, но нема информации за тоа дали подобрување добила и опцијата за брзо полнење.
Motorola Razr 5G ќе биде претставен подоцна во текот на септември, а ќе биде достапен и во Polished Graphite варијанта.