Според гласините кои пристигнуваат од изворите што работат во синџирот на снабдување на компанијата Apple, најмалиот лаптоп од MacBook семејството се враќа оваа година, а ќе го имплементира новиот ARM чип на Apple.

Новиот извештај наводно пристигнува директно од TSMX, кој е единствен снабдувач на Apple A серијата процесори. Компанијата наводно престанала да произведува чипови за Huawei и сега комотно може да им се посвети на потребите на Apple.

Изворите исто така додаваат дека претстојниот A14 Bionic чип ќе биде користен во iPhone 12 серијата, додека A14X е резервиран за годинашниот 12-инчен MacBook и новите iPad Pro модели.

Имплементацијата на споменатите чипови би требало значајно да ги подобри перформансите на MacBook, а истовремено да го подобри и работниот век на батеријата. Apple ќе ветува помеѓу 15 и 20 часа работа со едно полнење.