Sony подготвува нов паметен телефон од висока класа, кој ќе биде претставен за помалку од еден месец.
Интернет-изданието AndroidHeadlines објави неколку фотографии од претстојниот уреди и тврди дека ги има целосните спецификации на новиот модел, кој ќе понуди доста моќен хардвер.
Според изворите на изданието, Xperia 5 II моделот ќе има 6,1-инчен OLED дисплеј со сооднос 21:9 и 120Hz освежување на сликата. Екранот ќе биде со Full HD+ резолуција и HDR компатибилност. Рамките околу него ќе бидат што е можно потенки за да го задржат телефонот покомпактен – 158x68x8mm.
Xperia 5 II ќе користи процесор Qualcomm Snapdragon 856, 8 GB RAM меморија и 128 GB меморија, а исто така ќе има и слот за microSD картички. Моделот ќе поддржува 5G мрежи.
Камерата е тројна – со три сензори од по 12MР секоја. Разликите ќе бидат во нивните можности, бидејќи една од нив ќе понуди 3х оптички зум, различни ширини на леќи, итн. Телефонот ќе може да снима 4K видео на 120 fps, има и оптичка стабилизација на сликата. Карактеристиките на предната камера во овој момент не се познати.
Xperia 5 II ќе понуди и батерија од 4000mAh, USB-C порт и стандарден приклучок за слушалки. Уредот се очекува да биде официјално претставен на 17. септември годинава.