Гласините за тоа дека компанијата Сони развива кучиња роботи кои ќе бидат наследници на AIBO серијата кучиња роботи кружела со месеци, но јапонската компанија денес официјално ја потврдија веста. Конечно го произвеле новиот модел AIBO – домашно милениче робот.
Од Сони кажуваат дека нивното куче робот може емотивно да се поврзе со луѓето, односно со неговите сопственици. AIBO е потполно ист како и вистинско куче, тврдат Јапонците. Може да пружи љубов и може да покаже дека е радосен кога си играте со него или кога го галите.
Роботското куче на Сони има две OLED панели кои можат да покажуваат различни расположенија, а телото е многу флексибилно и подвижно. Неговото однесување е прилагодливо, бидејќи роботот учи што ги прави сопствениците среќни и задоволни па се развива во склад со нивните потреби.
Тоа што е голема маана за ова куче е дека батеријата трае само два часа, која претходно треба да ја полните три часови. Кучето робот веќе е достапно на Интернет во Јапонија, а од 11 Јануари ќе го има и во продавниците. Ќе чини околу 1.700 долари.