Прекрасните куќи на Хобитите во легендарната филмска трилогија „Господар на прстените“ веројатно се уште ви будат спомени за тие несекојдневни домови. Веројатно многумина сонуваат да имаат токму вакво живеалиште, кое ќе биде нурнато во природата која го опкружува. Современото општество и хаотичниот и брз ритам на живот, не натера малку да се подзамислиме за мирот кој ни е потребен.

Со таа идеја тргнаа и инженерите на „Green Magic Homes“ кои дојдоа до систем на првата модуларна изградба на куќи во стилот на Хобит. Освен нивната практичност, овие Хобит-куќи се градат прилично брзо, за само три работни дена.

Направени од префабрикувани конструктивни елементи на FRP (полимер зајакнат со влакна), овие куќи се модуларни објекти кои можат да се прилагодат на било кој тип на топографија и може да ги задоволат потребите на сите граѓани, благодарение на богатата програма кориснички системи. Основната структура се состои од еден вид на пат покриен со земја, со што објектот се интегрира во околниот пејзаж. Од Green Magic Homes освен за изградбата се грижат и за внатрешните простории како што се пристап, осветлување, вентилација и поврзаност. Проектот, кој се испорачува за помалку од десет дена, ги зема предвид сите потреби и погодности што му се потребни на клиентот.